0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Годин и официјално потпиша за Каљари

Годин доаѓа во Каљари без оштетување, откако се согласи да го раскине договорот со Интер.

Каљари, 25 септември 2020 (МИА) – Искусниот уругвајски стопер Диего Годин беше претставен како нов играч на Каљари.

Годин доаѓа во Каљари без оштетување, откако се согласи да го раскине договорот со Интер.

Тој пристигна во Интер минатото лето како големо засилување од Атлетико Мадрид, а тренерот Антонио Конте пред почетокот на оваа сезона му порача дека нема да смета на неговите услуги.

Годин потпиша тригодишен договор со Каљари и ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона, што е двојно помалку од она што го заработуваше во Интер.

Италијанците наведуваат дека Годин го избрал Каљари поради неговата сопруга Софија, која потекнува од тој град.

Таг
Back to top button
Close
Close