Оригинални текстови

ГОБ „8 Септември“: Опремени сме со современи медицински потрошни материјали и лекови и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање

Менаџментот на Градската општа болница "8-ми Септември" ја информира јавноста дека болницата е спремна и подготвена во целост да пружи здравствена заштита на граѓаните во рамките на сите нејзини дејности.

Скопје, 24 септември 2020

Менаџментот на Градската општа болница “8-ми Септември” ја информира јавноста дека болницата е спремна и подготвена во целост да пружи здравствена заштита на граѓаните во рамките на сите нејзини дејности.

Болницата е опремена со сите современи и врвни медицински потрошни материјали и лекови, и нема никаков финансиски проблем, ниту застој во нормалното функционирање, како што беше презентирано од страна на Телевизија Телма.

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ Скопје и понатаму останува посветена и силно подготвена во борбата со ковид-19, како и со сите останати болести и состојби кои го нарушуваат човечкото здравје.

ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close