0_Спорт.ПорталФудбал

Гнабри се повреди на натпреварот против Мајнц

Фудбалерот од средниот ред на актуелниот германски и европски шампион, Баерн Минхен, Серж Гнабри, се здоби со повреда на вчерашниот натпревар со Мајнц.

Минхен, 4 јануари 2021 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на актуелниот германски и европски шампион, Баерн Минхен, Серж Гнабри, се здоби со повреда на вчерашниот натпревар со Мајнц.

– Серж доби болен удар. Беше прегледан по натпреварот, да видиме како ќе се чувствува следниве два дена. Се надевам дека во среда ќе може да започне со тренинзи, изјави тренерот на Баварците, Ханс-Дитер Флик за клупската веб-страница.

Гнабри беше заменет во 76. минута од натпреварот од 14. коло на германскиот шампионат против Мајнц (5:2).

Во сезоната 2020/21, 25-годишниот играч за врска одигра 20 натпревари за тимот, постигна четири гола и три асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close