0_Македонија.ПорталОпштество

Глобален женски појадок

Глобален женски појадок во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) ќе се одржи денеска по втор пат на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Глобален женски појадок во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) ќе се одржи денеска по втор пат на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.

Како што соопштија организаторите, иницијативата за овој глобален настан е на IUPAC, а мотото за 2020-та е „Building bonds to create future leaders“.

– Идејата за овој појадок е да се соберат жени, активни на полето на хемијата и сродните науки, вработени во различен тип организации (универзитети, компании, училишта, лаборатории од приватен и државен сектор) со цел да ги споделат различните искуства во досегашната кариера, како и да се разгледаат можностите за идни соработки, се вели во соопштението.

Настанот е координиран од професорките Марина Стојановска и Јасмина Петреска Станоева од Институтот за хемија при ПМФ и членови на СХТМ.

На настанот, како што најавија организаторите, ќе присуствуваат и сопругата на претседателот на Северна Македонија Елизабета Ѓоргиевска, пратеничката Лилјана Поповска, како и претставници од Фондот за иновации и технолошки развој кои ќе презентираат дел од своите проекти и можностите за соработка меѓу институциите и компаниите. мс/са/

Back to top button
Close
Close