Дописници МКДОпштински вести

Главната улица во селото Чалакли во завршна фаза 

Еден од приоритетите на жителите од валандовското населено место Чалакли, главната селска улица, влезе во завршна фаза на асфалтирање по што наскоро ќе биде предадена и во употреба. 

Гевгелија, 15 март 2021 (МИА) – Еден од приоритетите на жителите од валандовското населено место Чалакли, главната селска улица, влезе во завршна фаза на асфалтирање по што наскоро ќе биде предадена и во употреба.
Во ова место, населено во главно со жители од турска националност, мештаните велат дека главната улица им е главната сообраќајна артерија во селото затоа што по нејзината должина им се распоредени сите позначајни објекти во селото како поштата, џамијата, подрачното основно училиште и фестивалската сцена на која се одржува традиционалниот фестивал на пролетни веселби „Хит Бах Шен Фест“.

За целосно уредување на главната улица во селото Чалакли, владата издвои четири милиони денари. им/вј/ 

Таг
Back to top button
Close
Close