0_Македонија.ПорталДописници МКДНекатегоризираноОпштински вести

„Гласен текстилец“ бара времено затворање на конфекциите во Штип

Невладината организација „Гласен текстилец“ денеска упати барање до Општинскиот кризен штаб, кој во моментов има седница во проширен состав заедно со државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, да се затворат конфекциите во Штип времено.

Штип, 1 јуни 2020 (МИА) – Невладината организација „Гласен текстилец“ денеска упати барање до Општинскиот кризен штаб, кој во моментов има седница во проширен состав заедно со државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, да се затворат конфекциите во Штип времено.

Барањето следи по објавување на новата бројка заразени текстилни работнички од неколку конфекции, но и членови на нивни семејства и пријатели.

Штип денеска има двоцифрен број на заразени, односно во здравствениот билтен се нотираат вкупно 27 лица.

-Време е за затворање на конфекциите, тоа да се регулира со годишен одмор, бидејќи сите знаеме дека 80 проценти од вработените во штипските конфекции никогаш го немаат искористено годишниот одмор од 20 дена, туку  им беше даван одмор од пет дена. Сега е време да ги пуштат работниците на одмор во  интерес на колективното здравје, вели Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“

Таа истакна дека барањето е доставено до Кризниот штаб бидејќи постојано се во контакт со работниците коишто се уште се на своите работни места во конфекциите каде што денеска има регистрирано новозаразени со коронавирус.

Ампева пренесува дека се исплашени за своето здравје.

-Плачат на телефон, до таму одат, ниту се ослободуваат од работа, ниту планира некој нешто да направи. Очекувам конфекциите да бидат затворени бидејќи не почитуваа ниту една од мерките, ниту една од уредбите, ниту една од препораките. Секоја чест на ретките исклучоци коишто се оградија од останатите, а за оние кои не ги почитуваа барам и кривична одговорност бидејќи не се грижеа ниту за здравјето на работниците, ниту пат беа свесни за колективното здравје на еден град како што е Штип. Ми е жал за останатите сопственици коишто организираа сопствен превоз што ќе бидат и они на удар поради несовесните превозници и несовесните сопственици на конфекции, вели Ампева.

Прашања дали на почетокот на пандемијата се почитуваа мерките од страна на конфекциите и превозниците, Ампева вели дека – да на почетокот се почитувале мерките, но подоцна не се почитувале токму заради тоа и Штип сега се соочува со голем број на заразени во текстилните фабрики.

-За жал, лажните вести за коронавирусот и некои што мислат дека се богови го направија ова и денешниве бројки. Сега ќе ги гледаме штетите и последиците, рече Ампева.

Потенцира дека оние коишто не веруваат во коронавирусот слободно можат да остварат и контакт со работниците кои во моментов се на Инфективното одделение и самите од нив да слушнат во каква состојба се. вдј/см/

Back to top button
Close
Close