Дописници МКДОпштински вести

Гинеколошко-акушерското одделение при болницата во Куманово ќе ги прима сите родилки

 Гинеколошко-акушерското одделение при Општа болница во Куманово од денеска го враќа режимот на работа, откако претходно поради состојбата со Ковид19 беше воведен посебен режим на работа, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

Куманово, 4 мај 2020 (МИА) – Гинеколошко-акушерското одделение при Општа болница во Куманово од денеска го враќа режимот на работа, откако претходно поради состојбата со Ковид19 беше воведен посебен режим на работа, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

Одделението ќе функционира редовно, што значи ќе се примаат сите пациентки, родилки.

-Многу е важно да се почитуваат препораките. Родилките треба да доаѓаат со маски, да се почитуваат општите препораки, да доаѓаат пред одделението само со еден придружник, еден член од семејството, изјави директорката на Кумановската болница, Снежана Захариева.

Од болницата информираат дека од денеска со редовна работа продолжува и кожната амбуланта во болницата.

Претходно, на 10-ти април годинава беше воведен посебен режим на работа на гинеколошко-акушерското одделение, поради состојбата со Ковид 19.

-За останатите одделенија ќе ги чекаме препораките на Министерството за здравство, додаде д-р Захариева. ам/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close