Дописници МКДОпштински вести

Гевгелиското село Моин ќе добие пречистителна станица

За обезбедување на целосна функционалност на веќе изградената канализациска мрежа, во гевгелиското село Моин почна изградбата на фекален колектор со пречистителна станица, проект за кој ќе бидат потрошени околу 7,2 милиони денари.

Гевгелија, 20 јануари 2020 (МИА) – За обезбедување на целосна функционалност на веќе изградената канализациска мрежа, во гевгелиското село Моин почна изградбата на фекален колектор со пречистителна станица, проект за кој ќе бидат потрошени околу 7,2 милиони денари.

Поголемиот дел од средствата, односно 4,7 милиони денари се обезбедени од буџетот на општина Гевгелија, а околу 2,5 милиони денари од Бирото за регионален развој преку владината програма за рамномерен регионален развој.

Покрај изградбата на овој комунален систем, од општината најавија дека во Моин наскоро ќе почне и реконструкцијата на мостот на Конска река за кој по неуспешниот прв јавен повик, општина Гевгелија распишала нов.

-По завршување на обновената тендерска постапка ќе почне реконструкцијата на мостот каде при пообилни врнежи од дожд се блокира сообраќајот за влез и излез од селото, велат од општината.им/бк/

Back to top button
Close
Close