Дописници МКДОпштински вести

Гевгелиските пожарникари три пати помалку интервенирале за време на пандемијата

Првиот квартал од оваа година, во време на пандемија, пожарникарите од Гевгелија имале три пати помалку работа споредено со истиот период од минатата година, потврдија денеска од Територијалната противпожарна единица во Гевгелија.

Гевгелија, 15 мај 2020 (МИА) – Првиот квартал од оваа година, во време на пандемија, пожарникарите од Гевгелија имале три пати помалку работа споредено со истиот период од минатата година, потврдија денеска од Територијалната противпожарна единица во Гевгелија.

-Во првите четири месеци од оваа година регистриравме вкупно 40 интервенции од кои 13 на отворен простор,19 на објекти, една интервенција на сообраќајно средство, две технички интервенции и пет пати се извршени интервенции најчесто на опожарени контејнери, велат од ТППЕ Гевгелија од каде за споредба посочија дека во истиот период минатата година,интервенирале 104 пати на гаснење на различни пожари.

Причината за намалениот број на интервенции годинава, пожарникарите од Гевгелија ја гледаат во пандемијата од коронавирусот,поради што има ограничено и забрането движење, како и во климатските услови кои годинава овозможија повеќе врнежи од дожд за разлика од лани. им/дма/

Back to top button
Close
Close