Дописници МКДОпштински вести

Гевгелиски Комуналец почна акција за собирање на неопасен отпад

Јавното комунално претпријатие од Гевегелија почна да ја спроведува акцијата за примарна селекција преку собирање на сув неопасен отпад кој е одвоен од органскиот комунален отпад од домакинствата.

Гевгелија,11 февруари 2020 (МИА) – Јавното комунално претпријатие од Гевегелија почна да ја спроведува акцијата за примарна селекција преку собирање на сув неопасен отпад кој е одвоен од органскиот комунален отпад од домакинствата.

Од „Комуналец“ велат дека на домакинствата кои веќе добија пластични канти за комунален отпад ќе им бидат поделени и специјални кеси од 120 литри во кои граѓаните во пробниот период ќе сортираат отпадоци од пластика, стаклена амбалажа, картон, хартија и алуминиумска амбалажа.

-Комуналните работници ќе го подигаат селектираниот сув отпад во различен период од редовниот термин за подигање на комуналниот отпад, а бенефитот од акцијата ќе биде сестран бидејќи ќе се намали количината на депониран комунален и неселектиран отпад, велат од комуналното претпријатие.

Комуналците посочија дека акцијата ќе придонесе да се намалат трошоците на претпријатието и ќе му се овозможи со нови индикатори да ги пресметува цените на комуналните услуги.

Со можноста за примарна селекција на сувиот отпад се анимираат и малите правни субјекти кои исто така можат да се вклучат во акцијата. им/бк/

Back to top button
Close
Close