Дописници МКДОпштински вести

Гевгелиски Комуналец ќе стопанисува со водоводот во Ново Конско

Грижата за водоснабдителниот систем во селото Ново Конско по барање на месната заедница, гевгелискиот Совет ја пренесе на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија, кој во иднина ќе стопанисува со селскиот водовод.

Гевгелија, 31 јули 2020 (МИА) – Грижата за водоснабдителниот систем во селото Ново Конско по барање на месната заедница, гевгелискиот Совет ја пренесе на јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија, кој во иднина ќе стопанисува со селскиот водовод.

Водоснабдителниот систем во Ново Конско се состои од бунар со пумпна станица, потисен цевковод, примарна и секундарна водоводна мрежа како и резервоар со капацитет на вода од 50 метри кубни и во целина е добро одржуван.

-Од сега водата за пиење во Ново Конско редовно ќе биде хлорирана и постојано контролирана. Неопходна е реконструкција на пумпата, замена на дотраените водомери и оградување на резервоарот со што ќе обезбедиме услови сите 109 корисници да добиваат здрава и квалитетна вода за пиење, велат од ЈПКД „Комуналец“.

Во селото Ново Конско има инсталиран систем и за мерење на потрошената вода од домаќинствата и земјоделските површини до кои има водоводна мрежа.им/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close