0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Гевгелиската фабрика Вори доби грант за набавка на нова опрема

Идејата за реализација на нов проект кој предвидува воведување на нова технолошка постапка за производство на четири нови производи лут ајвар,беше повод конзервната фабрика ,,Вори,, од Гевгелија да аплицира на јавниот повик на Фондот за иновации и техолошки развој кој за таа намена и додели грант од 6,2 милиони денари.

Гевгелија, 10 февруари 2020 (МИА) – Идејата за реализација на нов проект кој предвидува воведување нова технолошка постапка за производство на четири нови производи лут ајвар, беше повод конзервната фабрика „Вори“ од Гевгелија да аплицира на јавниот повик на Фондот за иновации и техолошки развој, кој за таа намена и додели грант од 6,2 милиони денари.

Покрај воведувањето на линијата за новите производи во која фабриката вложи сопствени средства во висина од 16,8 милиони денари, фабриката која постои речиси три децении, ќе набави соодветна производна опрема и ќе инвестира средства за изработка на нова амбалажа со што ќе го заокружи проектот вреден повеќе од 23 милиони денари.

Од компанијата „Вори“ велат дека според нивните анализи проширувањето на производството директно ќе влијае и врз зголемувањето на обемот на регионалното производство на зеленчук кој се користи за преработка во конзервните фабрики во земјата.

Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува 30 отсто од средствата за реализација на проектот, а останатите 70 отсто се влог на компанијата. им/сст/

Back to top button
Close
Close