Дописници МКДОпштински вести

Гевгеличани и валандовчани можат бесплатно да се стекнат со сертификати за негуватели

Во рамки на проектот за развој на деловни услуги за интегрирана грижа и подршка во Црвениот крст на РСМ, гевгеличани и валандовчани добиваат можност да се пријават на распишаниот конкурс и бесплатно да добијат сертификати за помош и негување на стари лица и лица со попреченост.  

Гевгелија, 19 февруари 2021 (МИА) – Во рамки на проектот за развој на деловни услуги за интегрирана грижа и подршка во Црвениот крст на РСМ, гевгеличани и валандовчани добиваат можност да се пријават на распишаниот конкурс и бесплатно да добијат сертификати за помош и негување на стари лица и лица со попреченост.  

Условите што треба да ги исполнат заинтересираните лица од општините Гевгелија и Валандово се да бидат психо-физички подготвени за работа, да имаат 18 години, да се државјани на РСМ, да имаат завршено минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари, немоќни и лица со попреченост, и да се јават како даватели на услугите во сервисите за нега во домашни услови при основните организации на Црвениот крст во Гевгелија и Валандово.

Проектот е поддржан од австриската агенција за развој, Црвениот крст на Австрија и Швајцарија и струмичкиот Црвен крст како организатор на обуката.

Пријавувањето на распишаниот конкурс трае најдоцна до 1 март.им/бт/

Back to top button
Close
Close