Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Гевгеличани беа дел од еко акцијата ,,Генералка викенд“

Вработени од локалната самоуправа, јавното комунално претпријатие, претставници на невладини организации, ученици и граѓани на Гевгелија, денеска беа дел од еко акцијата „Генералка викенд“ што се спроведува во десетина градови од земјата.

Гевгелија, 8 мај 2021(МИА) – Вработени од локалната самоуправа, јавното комунално претпријатие, претставници на невладини организации, ученици и граѓани на Гевгелија, денеска беа дел од еко акцијата „Генералка викенд“ што се спроведува во десетина градови од земјата.

Под мотото „За чисто како дома исто“ акцијата во соработка со Делегацијата на ЕУ, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и скопската компанија ,,Пакомак“ беше реализирана на локација кај поранешната касарна во Гевгелија и околу тамошните спортско рекреативни терени.

– Ова не треба да биде последна акција со која денес ја расчистуваме оваа локација и апелирам до сите сограѓани да не го фрлаат отпадот непрописно, туку тоа да го прават во поставените контејнери и определените локации кои се подготвени за таа намена, нагласи градоначалникот Сашо Поцков.

Од општината посочија дека сите гевгеличани може да дадат придонес за чиста и зелена Гевгелија доколку го исчистат отпадот од пред своите живеалишта,своите дворови и локациите каде што престојуваат во природа. им/цр

Таг
Back to top button
Close
Close