Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Гевгелија не ги заборава сограѓаните евреи кои настрадаа во холокаустот

Гевгеличани со должна чест денеска, по повод Меѓународниот ден на комеморација на жртвите на нацистичкиот геноцид, им оддадоа почит на своите 14 сограѓани Евреи, кои настрадаа во холокаустот, со ветување дека секогаш ќе се залагаат во борба против омразата и антисемитизмот.

Гевгелија, 27 јануари 2021(МИА) – Гевгеличани со должна чест денеска, по повод Меѓународниот ден на комеморација на жртвите на нацистичкиот геноцид, им оддадоа почит на своите 14 сограѓани Евреи, кои настрадаа во холокаустот, со ветување дека секогаш ќе се залагаат во борба против омразата и антисемитизмот.

Во Гевгелија, според истражувањето на д-р Владо Картов, Евреите се населиле во почетокот на 80-те години од 19-от век по изградбата на пругата Скопје-Солун и како познати трговци, отвориле дуќани. Нивните куќи за живеење и дуќаните се наоѓале на главната улица во градот.

Семејства Бразилај и Ишула биле познати еврејски семејства во Гевгелија кои во градот се задржале до кобниот за нив 11 март 1943 година, кога биле собрани од бугарската полиција и транспортирани во фашистичкиот логор Треблинка.

По војната, на 11 октомври 2000 година, на зградата на поранешната аптека е поставена спомен плочата со имињата на депортираните Евреи од Гевгелија. им/свс/

Back to top button
Close
Close