Дописници МКДОпштински вести

Гевгелија ќе ги бара причините за загадувањето на воздухот

Зимава во одредени денови Гевгелија е меѓу најзагадените градови во земјава поради што граѓаните почнаа се повеќе да негодуваат и од локалната самоуправа да бараат да ги утврди причините за актуелната состојба, вели градоначалникот Сашо Поцков.

Гевгелија, 9 февруари 2021(МИА) – Зимава во одредени денови Гевгелија е меѓу најзагадените градови во земјава поради што граѓаните почнаа се повеќе да негодуваат и од локалната самоуправа да бараат да ги утврди причините за актуелната состојба, вели градоначалникот Сашо Поцков.

Особено по поставувањето на мониторинг станицата, како што рече, видовме дека нашето мислење оти гевгеличани дишат најчист воздух не било сосема во ред.

– Поради реакцијата на граѓаните писмено се обративме до Министерството за животна средина и просторно планирање, кое ги менаџира мониторинг станиците и побаравме да влеземе во програмата за 2021 година со која ќе треба да се утврдат причините за загадување на амбиенталниот воздух, рече Поцков.

Градоначалникот Поцков изрази надеж дека можните загадувачи на воздухот ќе бидат брзо лоцирани и дека ќе се препорачаат мерки кои заеднички ќе се спроведат со надлежното Министерство за надминување на проблемот со високата концентрација на ПМ честичките во воздухот. им/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close