Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Гете-институтот почнува серија германски филмови на тема „Различности“

Гете-институт Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката ќе го прикаже филмот „На иста висина“ -  прв од серијата германски филмови на тема ​„Различности“ (Diversity).

Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) –  Гете-институт Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката ќе го прикаже филмот „На иста висина“ –  прв од серијата германски филмови на тема ​„Различности“ (Diversity).
Филмот раскажува за 10-годишниот Михи, сместен во дом за деца без родители по смртта на мајка му. Тој го бара и го наоѓа својот татко, но мажот воопшто не одговара на сликата која момчето си ја создало, зашто Том е со џуџест раст. Михи станува цел на потсмев што ја загрозува неговата врска со Том.

Филмот е снимен во 2015-2016 во режија на Ефи Голдбрунер и Јоахим Долхопф. хс/сп/ 

Back to top button
Close
Close