Svet.SlajderСветСвет.Портал

Германскиот Парламент се изјасни против израелскиот план за анексија на делови од Западен Брег

Германскиот Парламент се изјасни против израелските планови за анаексија на делови од Западен Брег. Сите парламентарни партии, со исклучок на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) предупредија дека анексијата сериозно би можело да ја загрози идејата за „две држави“

Берлин, 2 јули 2020 (МИА) – Германскиот Парламент се изјасни против израелските планови за анаексија на делови од Западен Брег. Сите парламентарни партии, со исклучок на ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) предупредија дека анексијата сериозно би можело да ја загрози идејата за „две држави“.

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас обрајќајќи се пред Парламентот, наведе дека израелскиот план би можел да ја загрози стабилноста на целиот Блиски Исток.

– Не може да се постигне мир со еднострани постапки, посочи Мас.

Додека Јурген Хардт од Христијанско-демократската унија (ЦДУ), партијата на канцеларката Ангела Меркел, истакна дека израелскиот план е спротивен на меѓународното право и оти истиот претставува „опасност од нови тензии“ на Блиски Исток.

– Исклучително сме скептични кон плановите на новата израелска Влада, посочи Хардт.

И портпаролот за надворешна политика на либералната Слободна демократска партија (ФДП), Бијан Џир-Сараи изрази „длабока загриженост“ поради израелскиот план.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху формира Влада заедно со лидерот на опозицијата Бени Ганц и двајцата најавија дека од 1 јули ќе го забрзаат планот за анексија на Долината Јордан и други територии на Западен Брег.

Анексијата е дел од „Договорот на векот“ на американскиот претседател Доналд Трамп, објавен на 28 јануари, според кој Ерусалим е „неподелен главен град на Израел“ и се признава израелски суверенитет над голем дел од Западен Брег.

Палестинските власти тврдат дека според американскиот план, Израел би анекирал од 30 до 40 проценти од територијата на Западен Брег, вклучително и цел Источен Ерусалим.

Израел планира да ја анектира стратешката Долина Јордан и сите еврејски населби во Западен Брег односно околу 30 проценти од палестинска територија окупирана во 1967 година. Во Западен Брег живеат 2,8 милиони Палестинци, а во изминатата деценија бројот на еврејски доселеници се зголеми за 40 отсто на повеќе од 450.000 луѓе. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close