ЕвропаЕвропа.Портал

Германскиот министер за здравство бара да се откажат сите собири со повеќе од илјада луѓе

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска ги повика организаторите на настаните во земјата да размислат за одложување на сите собири со повеќе од 1.000 учесници во согласност со мерките за спречување на ширење на новиот коронавирус.

Берлин, 8 март 2020 (МИА) – Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска ги повика организаторите на настаните во земјата да размислат за одложување на сите собири со повеќе од 1.000 учесници во согласност со мерките за спречување на ширење на новиот коронавирус.

Шпан за ДПА изјави дека смета дека сè уште се организираат премногу настани, како што се спортски игри, концерти и саеми.

– Свесен сум за последиците што тоа ќе ги има врз граѓаните и организаторите, ќе разговараме за тоа како ќе се однесуваме кон економските последици во наредните неколку дена, рече Шпан.

Владејачките германски партии вечерва ќе се сретнат за да разговараат за повеќе мерки во време на епидемијата на новиот коронавирус.

Според последните податои, во Германија има 1.018 луѓе заразени со новиот коронавирус, и не е пријавен ниту еден смртен случај. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close