СветСвет.Портал

Германски турист прва жртва на новиот коронавирус во Египет

Еден германски турист почина од Ковид-19 во Египет, со што стана првата жртва на вирусот во земјата.

Каиро, 9 март 2020 (МИА) – Еден германски турист почина од Ковид-19 во Египет, со што стана првата жртва на вирусот во земјата.

Египетското Министерство за здравство соопшти дека се работи за 60-годишен Германец кој пред една недела влегол во земјата и бил хоспитализиран во болницата во одморалиште на Црвеното Море во Хургада.

– Лицето кое почина од Ковид-19 е германски државјанин кој покажал симптоми на инфекција по доаѓањето од Луксор во Хургада, соопшти министерот за здравство Калед Мугахад.

Во Египет со вирусот се заразени 55 лица од кои 45 се на крузер во пристаништето во Луксор, а 19 од нив се странци. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close