Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Германски институт класификуваше делови на Хрватска како ризични региони

Германскиот институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) денеска вклучи делови на Хрватска во списокот на ризични региони. Станува збор за регионите Шибеник-Книн и Сплит-Далмација.

Берлин, 20 август 2020 (МИА)  – Германскиот институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) денеска вклучи делови на Хрватска во списокот на ризични региони. Станува збор за регионите Шибеник-Книн и Сплит-Далмација.

Врз основа на тоа, се очекува Министерството за надворешни работи да издаде предупредување за патување во тие делови од Хрватска.

Да се ​​биде вклучен во списокот на ризични региони, значи дека повратниците од овие подрачја се обврзни да се тестираат за Ковид-19 и се во карантин се до добивањето на резултатот.

Главниот критериум за класифицирање на подрачје како ризичен регион е дека во изминатите седум дена имало повеќе од 50 новозаразени на 100.000 жители. ссм/

Back to top button
Close
Close