ЕвропаЕвропа.Портал

Германски градови ги откажуваат карневалите поради невреме

Неколку градови во западниот дел на Германија ги откажаа традиционалните карневали поради лошите временски услови, пред се силниот ветер и поројните дождови.

Берлин, 23 февруари 2020 (МИА) – Неколку градови во западниот дел на Германија ги откажаа традиционалните карневали поради лошите временски услови, пред се силниот ветер и поројните дождови.

Во Келн и Диселдорф се откажани познатите карневали поради, како што наведуваат градските власти, заштита и безбедност на учесниците.

На парадата во Келн требале да учествуваат 8.000 луѓе, а се очекувале неколку стотици илјади посетители.

Меѓу градовите кои, исто така, ги откажале карневалите се и Есен, Емерих, Салцкотен, Хајлигенштат. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close