БизнисБизнис.ПорталЕвропаЕвропа.Портал

Германската автомобилска индустрија бара помош од државата

Најголемите германски производители на автомобили ја повикаа германската Влада да помогне за заживување на побарувачката, бидејќи епидемијата на коронавирусот предизвика загуби во првиот квартал од оваа година.

Франкфурт, 29 април 2020 (МИА) – Најголемите германски производители на автомобили ја повикаа германската Влада да помогне за заживување на побарувачката, бидејќи епидемијата на коронавирусот предизвика загуби во првиот квартал од оваа година.

Според предвидувањата на Фолксваген, глобалната продажба на автомобили годинава ќе забележи пад од 15 до 20 проценти.

Компанијата „Дајмлер“ објави пад на профитот од 70 проценти во првиот квартал.

Барањата на германските производители на автомобили се упатени пред најавениот самит на канцеларката Ангела Меркел со лидерите во автомобилската индустрија, на кој ќе се разговара како може да заживее најважната гранка на германската индустрија по тешките последици што ги предизвика епидемијата на коронавирусот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close