Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Германија воведува задолжителни тестови за тие што се враќаат во земјата

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека ќе биде воведено задолжително тестирање за сите патници кои се враќаат во Германија од високоризичните области.

Берлин, 3 авгсут 2020 (МИА) – Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека ќе биде воведено задолжително тестирање за сите патници кои се враќаат во Германија од високоризичните области.

– Сакаме добро да се искоординираме со сите германски покраини, кои мораат да воведат задолжително тестирање на аеродромите и железничките станици, посочи Шпан.

Тој додаде дека задолжителното тестирање ќе почне во текот на неделата. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close