Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Германија: Во изолација 160 луѓе по учество во приватни собири, едно лице во критична состојба

Околу 160 луѓе мора да бидат во изолација по неколку приватни настани што предизвикаа ново жариште на епидемијата на новиот коронавирус во германскиот град Готинген, соопштија денеска властите.

Готинген, 31 мај 2020 (МИА) – Околу 160 луѓе мора да бидат во изолација по неколку приватни настани што предизвикаа ново жариште на епидемијата на новиот коронавирус во германскиот град Готинген, соопштија денеска властите.

Триесет и пет од нив се позитивно на Ковид-19, откако присуствувале на приватни настани што биле забранети за време на изолација поради пандемијата.

Од тие 35 заразени, едно лице е во тешка состојба. Градските власти нагласија дека ќе ги тестираат сите луѓе што биле во контакт со групите без оглед дали тие покажуваат симптоми на болеста или не.

Информацијата за новозаразеноте беше објавена ден откако германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјата досега го „положула“ епидемискиот испит, но предупреди дека голема работа се уште ги чека. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close