ЕвропаЕвропа.Портал

Германија со девет милијарди евра ќе ја спасува економијата

ерманскиот министер за финансии Олаф Шолц денеска изјави дека се одобрени околу девет милијарди евра од помошта ветена во рамките на владиниот антикризен пакет за намалување на економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Берлин, 2 април 2020 (МИА) – Германскиот министер за финансии Олаф Шолц денеска изјави дека се одобрени околу девет милијарди евра од помошта ветена во рамките на владиниот антикризен пакет за намалување на економските последици од пандемијата на  коронавирусот.

Владата соопшти дека се поднесени 1.800 апликации, од кои досега се одобрени 1.500.

Германскиот Парламент минатата недела го укина уставното ограничување за државниот долг и одобри обемен план на стимулативни мерки за помош на компаниите и граѓаните. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close