ЕвропаЕвропа.Портал

Германија се соочува со рекордна невработеност

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, бројот на невработени во Германија може да ја надмине границата од три милиони за првпат после пет години, предупреди шефот на Федералната агенција за труд (БА), Детлеф Шеле.

Берлин, 23 јуни 2020 (МИА) – Поради кризата предизвикана од коронавирусот, бројот на невработени во Германија може да ја надмине границата од три милиони за првпат после пет години, предупреди шефот на Федералната агенција за труд (БА), Детлеф Шеле.

– Во текот на летото, најверојатно, ќе ја поминеме границата од три милиони невработени, изјави Шеле за „Зидојче Цајтунг“.

Последниот пат во лето невработеноста беше толку голема пред десет години, а во однос на целата последен пат е забележана ваква тешка состојба на пазарот на трудот пред пет години.

Шеле се надева дека ситуацијата ќе се подобри после летото.

За да падне бројот на невработени во есен, потребно е сега во гастрономијата и туризмот да делува попуштањето на ограничувањата воведени поради коронавирусот, за да се придвижи светската трговија и да дејствува пакетот мерки за поттикнување на економијата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close