0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитика

Германија инсистира на одржување на меѓувладината конференција до крајот на годинава, Бугарија останува на ставот за преговарачката рамка

Германија повторно подвлече дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија за време на нивното претседавање до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни. Бугарија пак, нема да ги промени позициите од Меморандумот донесен во нивниот Парламент и оти Преговарачката рамка, во сегашната форма во која е сега, не е прифатлива за Софија. За македонската страна, Договорот за добрососедство со Бугарија е рамката за решавање на сите недоразбирања меѓу двете земји, и оти тој документ е наша најголема заштита од неразумни натамошни барања и притисоци.

Back to top button
Close
Close