0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакометРезултати

Германија и Белорусија ги запишаа првите бодови на ЕП во ракомет

На Европското првенство во ракомет вечерва се одиграа првите два натпревара на кои победи забележаа селекциите на Белорусија и на Германија.

Грац, 9 јануари 2020 (МИА) – На Европското првенство во ракомет вечерва се одиграа првите два натпревара на кои победи забележаа селекциите на Белорусија и на Германија.

Во А-групата, Белорусите ја совлада Србија со 35:30 и направија голем чекор кон втората фаза на шампионатот.

Фаворитот Германија не дозволи изненадување на отворањето во Ц-групата и триумфираше над Холандија со убедливи 34:23.

Првото коло во овие две групи ќе се комплетира вечерва по одигрување на натпреварите Хрватска – Црна Гора (А-група) и Шпанија – Летонија (Ц-група). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close