ЕвропаЕвропа.Портал

Германија ги интензивира преговорите со Полска за „бела зона“ заради АСФ

Официјален Берлин ги интензивираше разговорите со Полска откако во таа земја беше откриен случај на африканска свинска грозница (АСФ), на локација оддалечена само 12 километри од границата со Германија, соопшти денеска германското Министерство за земјоделство. 

Хамбург, 22 јануари 2020 (МИА) – Официјален Берлин ги интензивираше разговорите со Полска откако во таа земја беше откриен случај на африканска свинска грозница (АСФ), на локација оддалечена само 12 километри од границата со Германија, соопшти денеска германското Министерство за земјоделство.

„Разговори се водат за формирање „бела зона“, со цел да се запре доаѓањето на заболени диви свињи во Германија“, се посочува во соопштението од германското Министерство.

Во Полска епидемијата на АСФ изби во декември кога заболеа 55 диви свињи, од кои голем број токму во близината на границата со Германија, која пак е една од главните европски извознички на свинско месо.

Дел од регионалните влади во Германија веќе почнаа да поставуваат огради долж границата со Полска во обид да се запре доаѓање на заболени диви свињи во Германија.

АСФ е безаопасен за луѓето, но често смртоносен кај свињите. Болеста прво се појави во Африка, по што се прошири на Европа и Азија и од неа досега угинаа стотици милиони свињи. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close