ЕвропаЕвропа.Портал

Германци произведуваат опрема за брзо тестирање на коронавирусот

Германската компанија Киагена, која произведува опрема за молекуларна дијагностика, едвај успева да одговори на побарувачката за опрема за тестирање на коронавирусот.

Келн, 25 март 2020 (МИА) – Германската компанија Киагена, која произведува опрема за молекуларна дијагностика, едвај успева да одговори на побарувачката за опрема за тестирање на коронавирусот.

Томас Турингер, портпарол на компанијата, вели дека производството неодамна се зголемило за 70 проценти – месечно се произведуваат околу 1,5 милиони тестови за Ковид-19, а до крајот на годината најавува производство на 20 милиони тестови месечно, пренесува Дојче веле.

– Ова е глобален предизвик и ситуацијата варира од земја до земја. Разликите посебно се гледаат во тоа колку брзо државите го препознале вирусот и дали тие дејствувале брзо или не, вели Турингер.

Резултатите на компанијата Киаген предизвикаа интерес и кај други компании. Американскиот производител на лабораториска опрема Термо Фишер е подготвен да го купи Киаген за околу 10 милијарди евра. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close