0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Герила-акција на Арт активизам: Свадба во време на коронавирус

Неформалната група Арт активизам од Тетово преку новата герила-акција алармираше за несовесните постапки на дел од граѓаните, кои во време на светска пандемија не ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и организираат свадби во дворови без никакви протоколи за заштита.

Тетово, 1 јули 2020 (МИА) – Неформалната група Арт активизам од Тетово преку новата герила-акција алармираше за несовесните постапки на дел од граѓаните, кои во време на светска пандемија не ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот и организираат свадби во дворови без никакви протоколи за заштита.

– Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките, да бидат одговорни, солидарни, а се со цел да го заштитиме колективното здравје во нашиот град. Масовните веселби сепак да ги оставиме за некои подобри времиња, велат од Арт активизам.

Тие поставија фигури од младоженци и покана за свадба во кои се иронизираат несовесните постапки на свадбите, кои и покрај препораките на здравстените власти се одржуваат со стотици гости, без маски и без одржување растојание.

– Владата забрани јавни масовни собири, а тука спаѓаат и приватните собири за одбележување на семејната радост или тага. Се затворија рeстораните кој функционираат само за свадбени прослави, а истите работат со доставување на храна по дома. Но оваa не е пречка за младоженците Вирус и Корона, кои во весела атмосфера во центарот на градот ја одбележаа нивната љубов со огромна свадба. На свадбата се поканети  над 300 гости, кои мораат да го почитуваат кодот на облекување – маски кои треба да ги држат на рака а не на лице, а истите да се комбинирани со облеката. „Да играте оро како човек, вирусот го снема – тој е прогласен за мртов“, пишува на поканата за свадба, која е поставена во центарот на градот, од страна на младите активисти од Тетово. ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close