0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Герберих: Има добри изгледи за започнување со пристапни преговори пред самитот во Загреб

Германскиот амбасадор Томас Герберих оценува дека се реални шансите нашата земја да добие датум за почеток на преговори пред мајскиот самит на ЕУ во Загреб.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Германскиот амбасадор Томас Герберих оценува дека се реални шансите нашата земја да добие датум за почеток на преговори пред мајскиот самит на ЕУ во Загреб.

-Ставот во целина е позитивен. Во моментов според мене, има добри изгледи пред самитот во Загреб да се започне со пристапни преговори со Северна Македонија. Ја даваме нашата поддршка и остануваме партнери во рамките на ЕУ во оваа насока, вели амбасадорот Герберих во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24.

Амбасадорот додава и дека, според него, донесувањето на законот за Јавно обвинителство ќе биде од корист за започнувањето на преговорите.

-Сега ќе зависи од опозицијата во Парламентот и владината коалиција да постигнат согласност, и по можност брзо да го изгласаат законот, вели Герберих. вг/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close