0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.SlajderДописници СветПолитика

Герапетритис: Грција ќе го почитува Договорот од Преспа

Ќе го почитуваме Договорот од Преспа, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет и со овој став сметам дека апсолутно се согласува целата парламентарна група на Нова демократија, вели државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 29 јануари 2021 (МИА) – Ќе го почитуваме Договорот од Преспа, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет и со овој став сметам дека апсолутно се согласува целата парламентарна група на Нова демократија, вели државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за изнесените ставови на поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, како во однос на Договорот од Преспа, така и за намерата да не гласа за трите Меморандуми со нашата земја, Герапетритис рече дека „Самарас, не е случајна личност во Нова демократија и политиката“,  има секакво право да го изрази неговиот став, но и дека неговите позициите се „познати и апсолутно се почитуваат“.

-Во однос на договорот со Северна Македонија, Нова демократија навремено излезе со став дека овој договор има многу „сиви точки“, дека е договор што нема директни корисни придонеси за земјата. Од друга страна, ние мора да го прифатиме континуитетот на државата. Грција не е земја која може во било кој момент да го менува нејзиниот меѓународен став. Самиот Устав наметнува дека од моментот кога постои ратификуван меѓународен договор, треба да се почитува и не може да се смени. Па така, ќе го почитуваме договорот, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет  и со овој став сметам дека апсолутно се согласува целата парламентарна група на Нова демократија, објасни Герапетритис. ср/са/

Таг
Back to top button
Close
Close