0_Спорт.ПорталРакомет

Георгиевски: Со Чешка нијанси решаваа, Австрија повеќе ни „лежи“

Десното крило на македонската ракометна репрезентација верува дека во вторник може да се победи Австрија и да се обезбеди место во втората фаза на Европското првенство.

Виена, 12 јануари 2020 (МИА) – Десното крило на македонската ракометна репрезентација верува дека во вторник може да се победи Австрија и да се обезбеди место во втората фаза на Европското првенство.

– Очекувавме тежок меч со Чешка. Нијанси решааваа. Се боревме до самиот крај. Не треба тука да застанеме. Одиме позитивни и оптимистички настроени со Австрија. Да се одмориме добро и да одиме на победа. Австрија повеќе ни „лежи“ од Чешка, изјави Георгиевски.

Македонската репрезентација попладнево во 2. коло од Б-групата загуби од Чешка со 27:25 и сега за пласман во втората фаза ќе треба позитивен резултат во вторник против ко-домаќинот на евро-шампионатот Австрија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close