0_Спорт.ПорталФудбал

Георгиевски: Чест и одговорност е да се биде тренер на Тетекс

Новоименуваниот шеф на стручен штаб на ФК Тетекс од Тетово, Славчо Георгиевски денес се прв пат се запозна со фудбалерите и го предводеше тренингот на екипата.

Тетово, 4 септември 2020 (МИА) – Новоименуваниот шеф на стручен штаб на ФК Тетекс од Тетово, Славчо Георгиевски денес се прв пат се запозна со фудбалерите и го предводеше тренингот на екипата.

Георгиевски кој беше активен фудбалер до 2015, прв пат е шеф на стручен штаб, откако досега бил помошник во стручните штабови или предводник на младите селекции во неколку клубови.

– Големо задоволство и голем терет носам со себе затоа што мислам дека еден клуб којшто направил историја во една бивша Југославија со самото име носи и голема одговорност што за мене претставува задоволство. Не се плашам од предизвикот чест ми е што почнувам самостојна кариера како шеф на стручен штаб, изјави Славчо Георгиевски на средбата со новинарите.

Тој вели дека веќе ги гледал првите два натпревари во живо и смета дека има квалитет за подобри резултати со оглед на досегашните два порази.

– Еден таков бренд како Тетекс не смее да биде на тоа место каде што се наоѓа, но во фудбалот ништо не доаѓа преку ноќ. Затоа сум дојден за тоа, разговаравме чекор по чекор да изградиме нешто што некој пред нас го направил, а ние само треба да го продолжиме и надградиме за да Тетекс се врати каде што бил и каде што заслужува. Амбициите на Тетекс се секогаш за висок пласман. Но амбиците се едно, а реалноста е друго, почнуваме од нула. Мора чекор по чекор да се вратиме на победите, а после тоа како ќе поминува времето да ја надоградиме играта, сакаме да направиме стил на игра по кој ќе биде препознатлив Тетекс. Тоа е најтешко да градиш. Менталитетот треба да се надмине, да преброди кризата и да се врати клубот на победнички патеки со добри резултати и амбициите ќе растат, изјави Георгиевски.

Славчо Георгиевски-Тупан во Азербајџан ја започна тренерската кариера, каде играше за Интер од Баку и по завршување на играчката кариера таму се приклучил на стручниот штаб. ас/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close