Дописници МКДОпштински вести

Георгиески: Потребна е правна рамка за Општина Охрид финансиски да ја поддржи работата на Планинската служба за спасување

Општина Охрид апсолутно ја поддржува и во минатото ја поддржувала дејноста на Планинската служба за спасување, но треба да се изнајде вистинскиот модел и правен основ како да се поддржи волонтерска организација каква што е самата Служба за спасување на планина.

Охрид, 1 јуни 2021 (МИА) – Општина Охрид апсолутно ја поддржува и во минатото ја поддржувала дејноста на Планинската служба за спасување, но треба да се изнајде вистинскиот модел и правен основ како да се поддржи волонтерска организација каква што е самата Служба за спасување на планина.

Вака градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, ја коментираше неодамнешната одлука на Советот на општината кој не се согласи да обезбеди средства за финансиска поддршка на работењето на Службата за спасување на планина.

-Ние со Црвениот крст генерално и Спасителната служба имаме одлична соработка, сме соработувале на повеќе проекти, од мобилните екипи во текот на пандемијата, преку проектот „Крос фор ол“ вреден речиси 50 илјади евра, до отстапувањето на Планинарскиот дом во Велестово за нивни потреби. Нема причина проблемите да ги решаваме преку социјалните мрежи. Советот не се убеди дека тоа е вистинскиот начин да се помага Службата. Треба да се најде модус како да се поддржи Службата која е потребна на градот, но правниот основ е спорен. Не можеме ние да префрламе средства на организација што се декларира како волонтерска, а во извештајот со кој се одобруваат средства да стои дека на тој начин се обезбедуваат плати за лицата што работат како волонтери, рече Георгиески.

Одлуката на Советот на Општина Охрид да не даде финансиска поддршка на Службата за спасување на планина наиде на негодување на јавноста на социјалните мрежи. Општинската организација на Црвениот крст и Планинската служба за спасување јавно се откажаа од високото општинско признание – Свети Климентовата повелба што им беше доделена во 2019 година. аб/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close