Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Генс: Во Белгија постои закана од напади на екстремната десница

Без разлика на тоа што во Белгија не се случил никаков напад, безбедносната служба смета дека постои вистинска закана. Најверојатното сценарио е напад што би можел да изврши едно лице, како осамен волк, изјави Генс.

Брисел, 25 јуни 2020 (МИА) – Во Белгија во моментов постои вистинска закана од напади на приврзаниците на екстремната десница, изјави денеска белгискиот министер за правда Коен Гинс.

-Без разлика на тоа што во Белгија не се случил никаков напад, безбедносната служба смета дека постои вистинска закана. Најверојатното сценарио е напад што би можел да изврши едно лице, како осамен волк, изјави Генс.

Белгискиот министер истакна податоци од април годинава, според кои, антитерористичките служби следат „30 поддржувачи на екстремната десница“, додека минатата година нивниот број бил околу десет.

-Јас ќе бидам строг кон тероризмот на екстремната десница исто како што сум строг и кон тероризмот на џихадистите. Го сфаќам тоа многу сериозно, рече Генс на пленарната сесија на белгискиот Парламент. сд/

Back to top button
Close
Close