БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Генералното собрание на Демократскиот сојуз на Косово го изгласа Хоти за кандидат за премиер

Генералното собрание на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со големо мнозинство ја поддржа кандидатурата на партискиот потпретседател Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 25 април 2020 (МИА) – Генералното собрание на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) со големо мнозинство ја поддржа кандидатурата на партискиот потпретседател Авдулах Хоти за кандидат за нов премиер на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста ја објави лидерот на ЛДК Иса Мустафа, преку писмо со кое им се заблагодари на членовите на највисокото партиско тело за тоа што одговорија на барањето да се изјаснат за кандидатурата на Хоти.

Од 124 члена на Генералното собрание, вкупно гласале 117, од кои „за“ 115 и двајца „против“.

– Врз основа на ова, како претседател на ЛДК, констатирам дека Генералното собрание одлучи да го именува Авдулах Хоти за кандидат за премиер на Република Косово, напиша Мустафа. иа/

Таг
Back to top button
Close
Close