0_Македонија.ПорталПолитика

Генерално собрание на Меѓународната паневропска унија, Андреј Лепавцов повторно избран за член на претседателството

Во периодот од 7-ми до 9 јануари, во Европскиот Парламент во Стразбур, Меѓународната паневропска унија одржа Генерално собрание, на кое учествуваа над 200 делегати од националните паневропски движења од 22 земји ширум Европскиот континент, вклучувајќи ја и делегацијата на Паневропската унија на Македонија. На Генералното собрание  Андреј Лепавцов беше реизбран за член на претседателството на Меѓународната паневропска унија, а досегашниот претседател Ален Тереноар го потврди својот нов петгодишен мандат како шеф на организацијата.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Во периодот од 7-ми до 9 јануари, во Европскиот Парламент во Стразбур, Меѓународната паневропска унија одржа Генерално собрание, на кое учествуваа над 200 делегати од националните паневропски движења од 22 земји ширум Европскиот континент, вклучувајќи ја и делегацијата на Паневропската унија на Македонија. На Генералното собрание  Андреј Лепавцов беше реизбран за член на претседателството на Меѓународната паневропска унија, а досегашниот претседател Ален Тереноар го потврди својот нов петгодишен мандат како шеф на организацијата.

Како што соопшти Паневропската унија на Македонија, претседателот Тереноар во обраќањето се осврнал на делото на неговите претходници, на големите визионери, основачот на Паневропската унија, Ричард Куденхове Калерги и долгогодишниот претседател Ото фон Хабсбург.

Како специјални гости на Собранието говореа и потпретседателот на Европскиот парламент Рајнер Виланд и министерот за надворешни и европски прашања на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман.

-Министерот Грлиќ Радман зборуваше за приоритетите на хрватското претседателство со Европската Унија. Тој, исто така, се осврна на земјите од Европскиот југоисток, кои се стремат кон влез во Европската унија. Тој нагласи дека Хрватска ги разбира земјите од тој дел на Европа и верува дека Самитот во Загреб во мај ќе биде можност да се дефинира политика за Југоисточна Европа за следната деценија. Воедно истакна дека силно го поддржува започнувањето на преговорите со Македонија и Албанија и дека се надева за почеток на преговорите пред самитот во Загреб, се додава во соопштението.

На конференцијата, меѓу останатото, било истакнато дека обединувањето на Европа не може, но и не смее да се случи без целосно и недвосмислено вклучување на сите земји од Југоисточна Европа, што е несомнено потврда на визијата на Паневропското Движење, како најстара организација за обединета Европа, формирана уште во далечната 1923 година. сст/скс/

Back to top button
Close
Close