Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Генералната секретарка на Лабуристите поднесе оставка

Џени Формби денеска поднесе оставка од местото генерален секретар на Лабуристичката партија. Таа е една од најблиските соработнички на поранешниот лидер на Лабуристите, Џереми Корбин

Лондон, 4 мај 2020 (МИА) – Џени Формби денеска поднесе оставка од местото генерален секретар на Лабуристичката партија. Таа е една од најблиските соработнички на поранешниот лидер на Лабуристите, Џереми Корбин.

Таа истакна дека се пријавила за местото со цел да го поддржи Корбин, кој  поднесе оставка од лидерската функција по дебаклот на декемвриските избори во Велика Британија.

Минатиот месец за лидер на Лабуристите избран е сер Кир Стармер.

Лабуристичката партија минатата недела покрена истрага откако се појави во јавност извештај за тоа колку главните функциониери на партијата се непријателски расположени кон Корбин. Наводно зад објавување на извештајот стои Формби.

Таа при поднесувањето на оставката им се заблагодари  на Корбин и партиските членови. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close