СветСвет.Портал

Гебрејсус: СЗО разработува мастер план за истражување на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) разработува мастер план за координирање на клиничките испитувања на коронавирусот, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејсус.

Женева, 13 февруари 2020 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) разработува мастер план за координирање на клиничките испитувања на коронавирусот, изјави генералниот директор Тедрос Аданом Гебрејсус.

По дводневниот собир во Женева, тој вчера рече дека се во тек состаноци на истражувачки групи со водечки истражувачи, за да може веднаш да се почне со работа за решавање на најтешките проблеми.

– Некои од тие проблеми подразбираат еднострана дијагностика, најдобар пристап за превенција на инфекцијата, потенцијални терапии кои би можеле да се користат за лекување пациенти, рече Гебрејсус.

Тој додаде дека СЗО испратила маски, ракавици и медицински униформи во 18 земји заради заштита на здравствените работници од вирусот.

– Ние продолжуваме да ги поддржуваме земјите со алатки и опрема што им се потребни за дијагностика, но и за заштита на здравствените работници. Доставивме дијагностички комплети до лабораториите ширум светот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Исто така, испративме залихи со маски, ракавици и опрема за здравствена заштита, рече генералниот директор на СЗО. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close