0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Гебрејесус: Вакцина против коронавирусот за сите, како јавно добро

До економско закрепнување во светот би можело да дојде многу побрзо доколку која било вакцина против Ковид-19 е достапна за сите, како јавно добро, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говорејќи на видео-панел со членовите на Форумот за безбедност во Аспен, САД.

Женева, 6 август 2020 (МИА) – До економско закрепнување во светот би можело да дојде многу побрзо доколку која било вакцина против Ковид-19 е достапна за сите, како јавно добро, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говорејќи на видео-панел со членовите на Форумот за безбедност во Аспен, САД.

Директорот на СЗО посочи дека отворениот пристап за сите жители на планетата до вакцината и сите други средства против короната, всушност ќе му помогнат на светот побрзо да закрепне од последиците на пандемијата.

– Економското закрепнување би било побрзо, а штетата од коронавирусот би била помала. Да се однесува на национално ниво кога станува збор за вакцината не е добро и нема да му помогне на никој, истакна Гребрејесус.

Коментирајќи ја најавената руска вакцина, директорот на Вонредни состојби во СЗО, Мишел Рајан, рече дека секоја вакцина мора да помине низ испитувања за да биде целосно сигурна и безбедна, и апелираше до сите што ќе успеат да развијат вакцина, нејзината ефикасност да ја прикажат на традиционален клинички начин. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close