Svet.SlajderСветСвет.Портал

Гебрејесус: СЗО добива помош

Франција и Германија денеска изразија политичка и финансиска поддршка за Светската здравствена организација во борбата против вирусот Ковид-19, а Берлин отиде чекор подалеку најавувајќи дека годинава ќе уплати половина милијарда евра во фондот на организацијата.

Женева, 25 јуни 2020 (МИА) – Франција и Германија денеска изразија политичка и финансиска поддршка за Светската здравствена организација во борбата против вирусот Ковид-19, а Берлин отиде чекор подалеку најавувајќи дека годинава ќе уплати половина милијарда евра во фондот на организацијата.

Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција рече дека, и покрај критиките на САД дека организацијата не реагирала доволно брзо на појавата на болеста, таа ја добила потребната политичка и економска помош.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави дека тие 500 милиони евра се најголемата сума што Германија досега ја донирала на СЗО.

– Денес, повеќе од кога било, ни треба силна, транспарентна и одговорна СЗО. СЗО е способна да ги води и координира напорите на светско ниво, рече Шпан.

Франција соопшти дека ќе донира 90 милиони евра на Центарот за истражување на СЗО во Лион, како и дополнителни 50 милиони евра.

– Искрено верувам дека, повеќе од кога било, на светот му е потребна мултилатерална организација. Ни треба глобален одговор и само СЗО може да го обезбеди, рече францускиот министер за здравство Оливер Веран. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close