СветСвет.Портал

„Газета Правна“: САД ја префрлаат војската од Германија во Полска

САД ќе распоредат во Полска 2.000 војници, кои во моментов се стационирани во Полска, соопштува денеска дневниот весник „Газета Правна“, на еден месец пред посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда на Вашингтон. 

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) – САД ќе распоредат во Полска 2.000 војници, кои во моментов се стационирани во Полска, соопштува денеска дневниот весник „Газета Правна“, на еден месец пред посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда на Вашингтон.

На средбата на 24 јули, се очекува главна тема на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп да биде воената соработка, пренесува БГНЕС.

„Околу 2000, а не како што претпоставуваше до 1000 војници, ќе пристигнат во нашата земја. Пеиот корпус на американската војска, кој сега е во Германија, ќе биде прераспределен“, јавува полскиот весник и тврди дека САД планираат во Полска да распоредат и околу 30 американски авиони-ловци Ф-16.

Покрај тоа, весникот известува дека за време на посетата на Дуда на САД, ќе биде договорено да се предадат пет користени авиони С-130 Херкулес на Полска. Според публикацијата, Полска наскоро ќе ја објави намерата да набави борбени хеликоптери од САД.

Во моментов во Полска има околу 5.000 американски војници. ссм/

 

Back to top button
Close
Close