0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Гатузо по споредбата со Анчелоти: Сè уште морам да надминам многу тешкотии

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо смета дека е многу рано да се прават споредби на неговата работа со искусниот Карло Анчелоти.

Неапол, 24 јуни 2020  (МИА) – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо смета дека е многу рано да се прават споредби на неговата работа со искусниот Карло Анчелоти.

– Јас сè уште сум млад тренер, а Карло Анчелоти освои сè. Мојот пат е долг, и мислам дека морам да надминам многу тешкотии и пречки, истакна Гатузо.

Тој е задоволен од прикажаното на неговите избраници на вчерашниот дуел (2:0) против Верона во 27. коло од италијанскиот шампионат.

– Не можеме да се опуштиме, не треба да размислуваме ниту за Лигата на шампионите. Сè уште треба да освоиме многу бодови. Повеќето од овие фудбалери ќе играат за клубот следната година и затоа треба да го бараме нашиот менталитет и да имаме постојан резултат, потенцира Гатузо.

Наполи во моментов е на 6. место во Серија А со шест бодови помалку од зоната која обезбедува учество во Лигата на шампионите следната сезона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close