0_Спорт.ПорталФудбал

Гатузо по новиот пораз: Ни треба серија на добри резултати за да ја вратиме довербата

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, се стави во одбрана на голманот Оспина, кој згреши при погодокот на Чиро Имобиле, кој му донесе победа на Лацио со 1:0 во дуел од 19 коло на Серија „А“. коло.

Рим, 12 јануари 2020 (МИА) – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, се стави во одбрана на голманот Оспина, кој згреши при погодокот на Чиро Имобиле, кој му донесе победа на Лацио со 1:0 во дуел од 19 коло на Серија „А“. коло.

Колумбиецот му дозволи на домашниот напаѓач да му ја одземе топката во шеснаесетникот, по што реализираше Имобиле.

– Оспина го направи она, што го сакав – да игра како дополнителен играч со нозете. Јас би бил лут ако тој само ја расчистеше топката на трибините. Дозволуваме смешни голови уште од кога станав тренер, но гледам напредок и ние сме на вистинскиот пат. Ни треба серија на добри резултати за да ја вратиме довербата. Сега размислуваме премногу и гледаме во пласманот, но само треба да играме. Тимот е многу квалитативен, прокоментира Гауто.

Таг
Back to top button
Close
Close