0_Спорт.ПорталФудбал

Гатузо: Не читам веќе што се пишува за мене

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, емотивно реагираше на новинарско прашање во врска со негова можна оставка.

Неапол, 1 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, емотивно реагираше на новинарско прашање во врска со негова можна оставка.

– Ме убива секој ден кога на крајот на првенството ќе завршиме втори на табелата. Не мислам дека некои критики кон играчите се соодветни. А веќе не читам ниту за мене што пишуваат. Отсекогаш сум имал добри односи со секого, не негирам, во последните две-три недели бев разочаран. Но, јас не сум лицемер, и натаму уживам многу почит. И никогаш не бев принуден да се повлечам, изјави Гатузо за „Скај Спорт Италија“.

По 20 одиграни кола во Серија А, Наполи го зазема 5. место со 37 бода, девет помалку од лидерот Милан, но и натпревар помалку.

На 3 февруари, избраниците на Гатузо ќе се соочат со Аталанта во полуфиналето на Купот на Италија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close