0_Спорт.ПорталФудбал

Гатузо им се извини на навивачите на Наполи по поразот од Фиорентина

Тој е првиот тренер на екипата од Зденек Земан во 2000 година што загубил 4 од првите 5 натпревари во Калчото. Неговата единствена победа досега беше во против Сасуоло, а во следното коло доаѓа судирот со шампионот - Јувентус.

Неапол, 19 јануари 2020 (МИА) -И во домашниот меч проитв Фиорентина, Наполи на ниту еден начин не убеди дека излегува од кризата во која се наоѓа уште од почетокот на сезоната. Неаполитанците загубија со 0-2, а тренерот на тимот Џенаро Гатузо, им се извини на навивачите.

Тој е првиот тренер на екипата од Зденек Земан во 2000 година што загубил 4 од првите 5 натпревари во Калчото. Неговата единствена победа досега беше во против Сасуоло, а во следното коло доаѓа судирот со шампионот – Јувентус.

– Прво, треба да им се извиниме на нашите приврзаници и целиот град затоа што нашата презентација беше срамна. На некои од претходните натпревари одигравме добро, но денес одигравме добро на теренот не повеќе од 20-25 минути. Очигледно имаме многу работа да завршиме. Нема смисла да се бараат изговори. Ние удривме на дното и мора да откриеме зошто, изјави Гатузо по мечот.

Спореднего, тимот изгледал како да се запознал утрото пред натпреварот.
– Нема организација, нема тимски дух. Чудно е затоа што добро трениравме во текот на неделата. Како и да е, во самиот натпревар, не се случи ништо од тоа што сакавме. Бев оптимист и верував дека ќе победиме, но игравме без срце. Јасно е дека сме далеку од вистината, изјави Светскиот шампион за 2006 година.

Таг
Back to top button
Close
Close