0_Спорт.ПорталФудбал

Гасперини: Ако ни дадоа голови порано, поразот немаше да биде толку болен

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по поразот од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите призна дека полесно ќе се прифател резултатот доколку парижаните постигнаа голови порано.

Лисабон, 13 август 2020 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, по поразот од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите призна дека полесно ќе се прифател резултатот доколку парижаните постигнаа голови порано.

– Најмногу жалиме што бевме толку блиски и мислевме дека навистина би можеле да го постигнеме овој извонреден резултат. Се разбира, сè уште има задоволство од начинот на кој ние ја одигравме сезоната во Лигата на шампионите. Постојано подобрување на резултатите во однос на најдобрите тимови во Европа. Можам само да им се заблагодарам на момците за сè што направија оваа сезона.

Можевме да загубиме од ПСЖ порано и можеби така ќе беше подобро, затоа што пораз со голови во дополнително време е многу поболен. Дадовме максимум во една многу тешка и заморна серија натпревари, па само можам да им се заблагодарам на моите фудбалери, изјави Гасперини по елиминацијата од ПСЖ.

Францускиот тим го израмни резултатот во 90. минута, а ја обезбеди победата во 93. минута. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close